Macedonian-Artists на девиантАРТ

Посетете ја МА на девиантАРТ.. кликнете тука

ПРАВИЛНИК

Следниве правила важат за МА Групата на ДЕВИАНТАРТ!

„ Прикачување на уметничките дела (слики) “
1.       Членовите и администраторите на МА имаат право да прикачуваат по 3 слики неделно во галеријата.
2.       Галеријата се состои од неколку подгалерии(фолдери). Доколку се погреши подгалеријата тогаш има можност вашата слика да биде одбиена. Галеријата се состои од следниве фолдери:
1)       FEATURED (затворен фолдер. За ова подетално објаснето под 3та точка)
2)       Фотографии (место за прикачување на вашите фотографии)
3)       Дигитална уметност (тука спаѓаат фотоманипулациите, 3Д, дигиталното боење итн. Со еден збор сето она што е компјутерски изработено.
4)       Традиционална уметност (цртани, боени цртежи, графити итн. Сето она што е рачно изработено.)
5)       Дизајн (веб дизајн, лого, логотипови, брендирање, архитектурен дизајн, ЦД и ДВД Опаковки итн.)
6)       Литература (доколку има такви кои што пишуваат поезија и проза, тогаш ова е нивно место.)
3.       Членовите и административниот дел на МА може да прикачуваат слики во сите фолдери на галериите освен во FEATURED. Овој фолдер е затворен и нема таква опција, а сликите кои се наоѓаат во FEATURED се поставени од администраторите на МА. Од време на време се одбираат најдобрите слики од останатите фолдери во галеријата и се копираат во тој фолдер.
4.       Секоја прикачена слика во групата не смее да остане во „Статус на одобрување“ повеќе од два дена. Тоа значи дека администраторите сликата треба да ја одобрат/одбијат  најмногу во рок од два дена. Овој рок несмее да биде прекорачен.
5.       За да една слика се одобри (прикачи), во некој од фолдерите на галеријата, треба да ги исполнува следниве услови:
1)       Доколку станува збор за ФОТОМАНИПУЛАЦИЈА1 или било каков вид на ДИГИТАЛНА УМЕТНОСТ тогаш во инфото на сликата потребни се податоци од каде се земени сликите во фотоманипулацијата како и нивни линкови.
2)       Прикачената слика не смее да учествува во некој натпревар. Во тој случај сликата се одбива.
3)       Уметничкото дело несмее да содржи материјали од видео игри, телевизија, филм итн
4)       Уметничкото дело не смее да содржи експлицитно графичка содржина, иако лесната Содржина и лесната голотија е прифатлива. Исто така не смее да содржи навредувачки елементи ниту пак екстремно насилство.
5)       Квалитетот на уметничкото дело и не игра голема улога. при одобрувањето поради една едноставна причина. СЕКОЈ ЗАСЛУЖУВА НЕГОВАТА СЛИКА ДА БИДЕ ПРЕЗЕНТИРАНА ПРЕД ДРУГИТЕ. Сепак постои можност да биде одбиена доколку не ги задоволува основните критериуми на групата.
6.       Уметничкото дело ќе биде одобрено доколку ги исполнува овие критериуми. Во спротивно тоа ќе биде одбиено. Но, не мора да значи дека е одбиено баш поради овие правила.
-         
„ Прифаќање нов член во групата “
1.       Маседониан-Артистс е група создадена за македонските артисти. Само Македонци  можат да членуваат во МА.
2.       Доколку имате македонска националност, а живеете во друга држава (САД, Австралија, Балканските земји итн..) можете да се приклучите во групата, но во „Барање за член во МА“ да напишете дека имате македонска националност.
3.       Доколку сакате да ги следите сите случувања и настани во МА, а не сте од Македонија, тогаш слободно можете да ја „набљудувате“ групата.